Во денешните ракетни напади е оштетена зграда во која се наоѓа оделот за визи на германската амбасада во Киев.     Фото: АА

Министерството за надворешни работи на Германија објави дека руски проектили погодиле зграда во која се наоѓа оделот за визи на германската амбасада во Киев.

Во главниот град на Украина утрово одекнаа експлозии, а во руските ракетни напади убиени се најмалку осум, а повредени се 24 лица.

Гласноговорникот на германското МНР Кристијан Вагнер на прес-конференција во Берлин изјави дека во денешните ракетни напади е оштетена зграда во која се наоѓа оделот за визи на германската амбасада во Киев.

Вагнер наведе дека зградата не се користи со месеци и дека во зградата немало германски дипломати кога ја погодиле руски проектили.

AA
Популарни