Руте, исто така, нагласи дека Украина треба да биде во позиција на сила пред заострените руски напади / Фото: AA

Земјите-членки на НАТО ќе дадат се од себе за да и обезбедат на Украина системи за воздушна одбрана кои и се повеќе од потребни, изјави Март Руте шефот на Алијансата.

Укажувајќи на систематските руски воздушни напади врз енергетската инфраструктура на Украина, генералниот секретар Марк Руте рече дека Русија и Кина се обидуваат да ги дестабилизираат земјите на НАТО преку акти на саботажа, сајбер-криминал и со вооружување на енергијата.

За да се спротивстави на оваа закана, алијансата ќе преземе дополнителни чекори, вклучително и подобро споделување разузнавачки информации, рече тој на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел.

Руте, исто така, нагласи дека Украина треба да биде во позиција на сила пред заострените руски напади и дека Алијансата останува посветена на поддршката на Украина за таа цел.

Во вторникот, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, Руте ја истакна важноста од одржување на работа на енергетската мрежа на Украина.

„Не можеме да имаме вооружување на зимата во Украина“, рече тој, додавајќи дека за овој „клучен елемент“ разговарал со министрите за надворешни работи на НАТО.

Во врска со воздушната одбрана, тој рече дека тие „прават многу“, но дека „треба да се направи повеќе“ за да се осигура дека Украина е што е можно побезбедна.

AA
Популарни