Пентагон вчера објави дополнителна безбедносна помош за да се задоволат клучните безбедносни и одбранбени потреби на Украина.
„Ова вклучува одобрување на пакетот на Претседателска управа за помош (PDA) во вредност до 150 милиони американски долари за обезбедување клучни способности за Украина, што вклучува: дополнителни пресретнувачи за воздушна одбрана; артилерија и друга муниција и противтенковско оружје“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека Пентагон објавил значителен пакет пресретнувачи за противвоздушна одбрана користејќи околу 2,2 милијарди долари од средствата на Иницијативата за помош на Украина (USAI).
„Овие средства ќе се користат за купување пресретнувачи за системите за воздушна одбрана Патриот и Насамс за Украина“, се наведува во соопштението.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на состанокот со украинскиот колега Рустем Умеров, во вторникот рече дека САД наскоро ќе објават нов пакет помош за Украина во вредност од над 2,3 милијарди.