Полицијата приведе 70 пропалестински демонстранти во фоајето на зградата во која се наоѓа израелскиот конзулат во градот Сан Франциско во Соединетите Американски Држави.
Во соопштението на полицијата се наведува дека се приведени 70 лица што одбиле да ја напуштат зградата.
Според објавите на социјалните мрежи, демонстрантите, кои бараа прекин на огнот во Појасот Газа, на вратата ставија натписи „Антиционизмот не е антисемитизам“ и „Од морето до реката, Палестина ќе живее вечно“.
Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.
Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени повеќе од 36.400 Палестинци, огромно мнозинство жени и деца, а повеќе од 82.600 се повредени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што засолниште од војната најдоа над еден милион Палестинци.