Еден од четири млади луѓе во ЕУ е во ризик од сиромашија / Фото: TRT Balkan

Речиси секој петти млад човек во ЕУ на возраст од 15 до 29 години е во ризик од сиромаштија, што е над стапката од 16,8% за генералната европска популација.

Највисок степен на ризик од сиромаштија кај младите луѓе има во Данска, Грција, Шпанија, Романија и Италија каде се движи околу 25%. Најголем јаз меѓу младите и останатото население има Данска и Шведска, каде двојно повеќе младите се во ризик од сиромаштија отколку возрасните.

На ниво на ЕУ младите се исто така во поголем ризик кој изнесува 20,1% додека пак за целокупното население стапката на ризик од сиромаштија е нешто под 17%.

Во Летонија има пак, најголем јаз во стапката на сиромаштија, но во полза на младите за сметка на останатите, па така во оваа балтичка земја само 17% од младите се во ризик од сиромаштија, додека пак останатото население спаѓа во ризичната група со 23%.

Младите подобро се справуваат со економските ризици од останатите и во Хрватска, Естонија, Литванија, Малта, Ирска и Словенија.

Оваа статистика не значи нужно дека луѓето кои се опфатени имаат лош животен стандард туку ги споредува нивните приходи во споредба со просечните примања на национално ниво.

Младите кои се дел од овие категории исто така имаат предизвици со материјално и социјално исклучување во споредба со нивните врсници, но на ниво на ЕУ таа стапка изнесува околу 6.1%.

Исто така младите на ниво на ЕУ не се нешто поразлични од останатите кај кои оваа стапка е за нијанса повисока и изнесува 6.3%.

Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на млади луѓе кои биле сериозно материјално и социјално исклучени во 2021 година е забележан во Романија (23,1%), потоа Бугарија (18,7%) и Грција (14,2%). Од друга страна, помала стапка од 3% е регистрирана во 11 од 26-те членки на ЕУ.

Стапката на материјално и социјално исклучување се однесува на немање можност да се обезбедат одреди клучни и средства кои го одразуваат квалитетот на живот и стандардот како пристап до интернет, сопствено возило, реновирање на домот и купување облека, способност за справување со неочекувани трошоци, одење на годишен одмор, како и редовни оброци со нутритивни вредности.

TRT Balkan / агенции
Популарни