Земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди најнаселената индонезиска провинција Западна Јава во ноември минатата година, срамни со земја куќи и загинаа повеќе од 300 луѓе.

Индонезија беше погодена од земјотрес со јачина првично идентификуван како 7,9 степени според Рихтеровата скала во вторникот кај островите Танимбар, што ги натера жителите во областа панично да ги напуштат своите домови, иако предупредувањето за цунами беше укинато по три часа, а првичните извештаи укажуваа на ограничена штета.

Островите Танимбар се група од околу 30 острови во провинцијата Малуку во источна Индонезија.

Најмалку четири последователни потреси беа пријавени по силниот земјотрес кој исто така беше почувствуван во некои делови на северна Австралија.

Претставници на агенцијата за катастрофи на Индонезија соопштија дека најмалку 15 домови и две училишни згради се оштетени, а едно лице е повредено, откако потресот се почувствувал силно во период од 3-5 секунди.

Подоцна е утврдено дека земјотресот бил со јачина од 7,6 степени. Ова е само еден од низата земјотреси во и околу Индонезија во изминатиот период.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди најнаселената индонезиска провинција Западна Јава во ноември минатата година, срамни со земја куќи и загинаа повеќе од 300 луѓе.


TRT Balkan / агенции
Популарни