Турскиот министер за надворешни работи во дипломатска мисија за решение за ситуацијата во Газа / Photo: AA

Додека Израел продолжува со нападите врз блокираната енклава, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во интензивна дипломатска мисија за изнаоѓање решение за ситуацијата во Појасот Газа.

Според турски дипломатски извори Фидан имал одделни телефонски разговори со неговиот холандски колега Ханке Бруинс Слот и чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски за најновата ситуација во регионот.

Пораката од Фидан за Слот според истите извори била дека треба да се прогласи целосен прекин на огнот што е можно поскоро и веднаш да се достави хуманитарна помош до Појасот Газа.

Фидан исто така рекол дека треба да се вложат заеднички напори за да се спречи ескалацијата на тензијата во Газа да се претвори во регионална криза.

Фидан и Слот размениле мислења и за ситуацијата во Украина. Фидан ја истакнал важноста од ревитализација на договорот за жито во Црното Море.

Во разговорот со Липавски Фидан истакнал дека злосторствата извршени од Израел врз цивилите во Газа се неприфатливи. Тој, исто така, ја истакнал итна потреба од целосен прекин на огнот и испорака на хуманитарна помош во Газа.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Најмалку 10.022 Палестинци, меѓу кои 4.104 деца и 2.641 жени, се убиени во израелските бомбардирања во Појасот Газа. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е скоро 1.600.

Покрај големиот број жртви и масовните раселувања, основните резерви се при крај за 2,3 милиони жители на Газа поради израелската опсада.

TRT Balkan / агенции
Популарни