Шефот на Вагнер: 20.000 борци загинале во борбите за градот Бахмут / Photo: AA Archive

Шефот на приватната воена компанија Вагнер, Евгениј Пригожин, тврди дека 20.000 припадници на групата загинале во борбите за украинскиот град Бахмут.

Во интервјуто со рускиот сенатор Константин Долгов објавено вчера, Пригожин тврди дека загубите на Вагнер се три пати помали од оние на Вооружените сили на Украина.

„Имав 35.000 на линијата на фронтот. За време на операцијата избрав 50.000 затвореници, од кои околу 20 отсто починаа. Исто толку загинати има и меѓу оние кои му се придружија на Вагнер со договор (не од затвор)“, рече тој.

Пригожин додаде дека околу 20 отсто од неговите борци имаат рани кои им оневозможуваат извршување на борбените задачи најмалку три месеци.

Шефот на Вагнер објасни дека Украина претрпела поголеми загуби поради тешкотиите во евакуацијата од бојното поле при нападите од неговите борци.

Руското Министерство за одбрана на 20 мај објави дека Руските вооружени сили имаат целосна контрола над украинскиот град Бахмут, односно Артјомовск на руски.

Претседателот Владимир Путин им честита и на војската и на борците на Вагнер за овој успех.

„Битките за Артјомовск (Бахмут) траеја повеќе од 200 дена“, рече Пригожин, нарекувајќи го градот „мелница за месо“.

Според Пригожин, ова било прв пат градот да биде преземен од силите на приватна воена компанија.

TRT Balkan / агенции
Популарни