Од утринава во израелските градови во близина на границата со Либан се слушаат сирени во услови на зголемени тензии со Хезболах / Photo: Reuters

Најмалку шестмина Израелци се повредени денес во ракетен напад од Либан, јавуваат израелските медиуми.

Цел на нападот бил центар на заедницата во северниот пограничен град Араб ал-Арамше, објави израелскиот „Тајмс“.

Еден од повредените е во тешка состојба.

Од утринава во израелските градови во близина на границата со Либан се слушаат сирени во услови на зголемени тензии со Хезболах.

Најмалку тројца команданти на Хезболах беа убиени вчера во израелските воздушни напади на Јужен Либан.

Тензиите по должината на границата на Либан со Израел ескалираа со размена на прекугранични напади меѓу Хезболах и израелските сили, додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива во Појасот Газа, во која загинаа речиси 33.900 луѓе од октомври минатата година по нападот на Хамас.

Оттогаш во судирите со израелските сили загинаа најмалку 275 борци на Хезболах, јавуваат либанските медиуми.

AA
Популарни