Украина соопшти дека најмалку шест лица загинале во руски воздушни напади врз јужните региони на земјата.
Гувернерот на Миколаев, Виталиј Ким, на Телеграм изјави дека во нападот со беспилотни летала од страна на Русија во текот на ноќта врз административната престолнина на регионот загинале пет лица, а една жена е повредена.
Ким рече дека 22 лица побарале психолошка помош на лице место.
Тој рече дека нападот предизвикал пожари во катна зграда и приватна зграда, кои биле навремено изгаснати.
Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко, изјави дека во Киев се воведени итни прекини на електрична енергија како превентивна мерка против заканата од ракетен напад врз градот.
Руските власти се уште не ги коментирале нападите.
AA