Се повеќе истакнати припадници на Демократската партија немаат доверба во Бајден / Photo: Reuters

Истакнатиот демократски пратеник Адам Шиф го повика американскиот претседател Џо Бајден да се повлече од претседателската трка.

„Иако изборот да се повлече од кампањата е само на претседателот Бајден, верувам дека е време тој да го предаде факелот. И со тоа, да го осигура неговото наследствo, дозволувајќи ни да го победиме Доналд Трамп на претстојните избори“, се вели во изјавата на Шиф.

Конгресменот од сојузната држава Калифорнија е првиот демократ кој го повика Бајден да се повлече по обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп минатиот викенд.

Кандидатурата на Бајден беше во центарот на вниманието по неговиот лош настап против Трамп на претседателската дебата на крајот од минатиот месец. Бајден оттогаш се соочува со зголемени повици од пратениците да се откаже од трката на 5 ноември.

„Нашата нација е на крстопат и второто претседателство на Трамп ќе го поткопа самиот темел на нашата демократија и имам сериозна загриженост дали претседателот може да го победи Доналд Трамп во ноември“, рече Шиф.

AA
Популарни