Нова пратка „Леопард“ тенкови ќе добие украинската армија / Фото: Reuters

Шпанија објави дека следната недела ќе ѝ испорача четири тенка „Леопард 2А4“ и друга воена опрема на Украина.

Министерството за одбрана соопшти дека во Украина ќе бидат испратени и 10 оклопни транспортери и голем број оклопни теренски возила, лесни камиони и амбулантни возила.

Се вели дека со пратките со лесно оружје и муниција од тежок калибар ќе се продолжи и во текот на летото.

Шпанија, исто така, во Украина испрати теренска болница опремена со капацитет за итни хируршки интервенции, постоперативни амбуланти, аптека, опрема за стерилизација, лабораторија и поголем број кревети.

Министерката за одбрана Маргарита Роблес за медиумите изјави дека Шпанија исполнила 90 отсто од својата обврска да обезбеди годишна обука за 2.000 украински војници.

Во април Шпанија испрати шест тенка „Леопард 2А4“ во Украина.

AA
Популарни