Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај / Photo: Reuters

Шпанскиот премиер Педро Санчез во средата објави дека се повлекува од јавната функција бидејќи морал „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да ја води владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и тргување со влијаниe.

Иако тврди дека обвинувањата против неговата сопруга се лажни, Санчез рече дека ќе го откаже дневниот распоред до понеделник, кога ќе објави дали ќе продолжи или ќе се повлече од премиерската функција.

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди (...) дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од таа чест“, објави Санчез на социјалната мрежа Х.

Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил сопругата на Санчез, Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно во средата објави дека отворил истрага, без да даде детали.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што ги доставил обвинувањата е близок до екстремната десница.

TRT Balkan / агенции
Популарни