Цените на билетите за возови, метро и автобуси во Шпанија драстично се намалени, во рамките на пакетот на Владата на Шпанија за намалување на инфлацијата и поттикнување на користењето на јавниот превоз.
Патниците кои често патуваат сега можат бесплатно да се возат со возови на кратки и средни оддалечености со кои управува јавното претпријатие, Ренфи, додека цените на релациите на некои побрзи рути намалени се за 50 отсто.
Повеќето градови и регионални власти ширум Шпанија применува попуст на најмалку 30 отсто на јавниот превоз, а деталите се разликуваат од град до град.
Во Мадрид, на пример, цената на месечните карти за јавниот превоз се преполовени, како и во Барселона, каде за 50 отсто се поевтини и поединечните билети.
Владата пресмета дека преку патувањата со воз со попусти ќе можат да заштедат семејствата кои живеат на периферија на големите градови како што се Мадрид, Барселона и Валенсија и тоа од 150 до 250 евра месечно.
Целта на мерките е помош на граѓаните и намалување на зависноста од фосилните горива.
„Оваа мерка им помага на луѓето да заштедат пари, и помага на Шпанија да стане енергетски независна не трошејќи повеќе енергија отколку што е неопходно и помага во борбата против климатските промени“, изјави гласноговорничката на шпанската Влада Исабел Родригез.
Во Германија е завршена слична тримесечна програма која нуди неограничени патувања на регионалните мрежи на јавниот превоз за девет евра месечно.
Според проценките на Германскиот економски институт во Келн, програмата ја намалила вкупната инфлација за околу два процентни бода, и го намалила загадувањето и користењето на фосилните горива.