Шпанскиот парламент денеска ја отфрли иницијативата на некои партии од каталонскиот регион за признавање на Косово.
Иницијативата беше отфрлена со големо мнозинство со 293 гласови “против”, 25 гласови “за” и 27 воздржани.
Иницијативата беше поднесена од Јунтс, каталонска сепаратистичка партија.
Пратеникот на Јунтс, Едуард Пујол, во вторникот рече дека Косово е правна држава и дека одлуката да прогласи независност е признаена од Меѓународниот суд на правдата.
Едностраното прогласување независност на Косово од Србија во 2008 година во моментов не е признаено од пет членки на Европската унија: Шпанија, Грција, Романија, Словачка и администрацијата на кипарските Грци. Тие не ги признаваат патните исправи на Косово.
Србија, која се надева на влез во ЕУ, не ја признава независноста на Косово и сè уште го смета Косово за дел од нејзината територија.
Израел е последната земја што ја призна независноста на Косово.