Поддршката на Германија за Израел причина за протести при пристигнувањето на Штајнмаер во Истанбул / Photo: AA

Поради германската поддршка за Израел,германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска беше пречекан со протести во Истанбул, Туркије, каде се наоѓа во тридневна посета.

За време на посетата од ценеска до среда, претседателот Штајнмаер ќе оствари средби со претставници на граѓанскиот сектор и бизнис организации, се наведува во соопштението од Берлин.

Штајнмаер треба да се сретне и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во среда во Анкара за да разговараат за билатералните односи и да разменат мислења за регионални и меѓународни прашања.

„Туркије е важен партнер за Германија во регионот, во НАТО и во Г-20“, соопшти кабинетот на германскиот претседател, додавајќи дека посетата ќе ја одбележи и 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

„Претседателот Штајнмаер со својата посета им оддава признание на блиските врски меѓу двете земји и особено сака да ја изрази својата благодарност за животните приказни и достигнувањата на милиони луѓе со турско потекло во Германија“, соопшти претседателскиот кабинет.

Германскиот претседател ќе го посети и југоисточниот град Газиантеп, кој беше меѓу градовите погодени од минатогодишниот разорен земјотрес. Штајнмаер ќе посети училиште чија изградба беше поддржана од неговата земја.

TRT Balkan / агенции
Популарни