Силен земјотрес ја погоди Туркије / Photo: AA

Силен земјотрес ја погоди турската област Кахраманмарас.

Како што соопшти Управата за вонредни ситуации (АФАД) јачината на земјотресот е 7,4 степени по Рихтер, со епицентар во дистриктот Пазарџик во 4,17 часот по локално време.

Гувернерот на Шанлиурфа Салих Ајхан соопшти дека според првичните информации од теренот, на подрачјето на оваа област животот го загубиле 15 луѓе, додека 30 се повредени.

Земјотресот се случи на длабочина од седум километри.

Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер ја погоди областа Газиантеп.
Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган преку социјалните мрежи соопшти дека сите државни служби им се на располагање на граѓаните и дека екипите за пребарување и спасување се веќе на погоденото подрачје.

Министерот за внатрешни работи на Туркије Сулејман Сојлу соопшти дека земјата утрово ја погодиле шест земјотреси со јачина од шест степени по Рихтеровата скала.

Најмалку 100 лица загинаа во земјотресот во соседна Сирија.

TRT Balkan / агенции
Популарни