Силен земјотрес денес ја погодил Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт, пренесува Анадолу.
Се наведува дека земјотрес со магнитуда од 6,4 степени е регистриран на 111 километри северно од селото Пакиран во Источна Јава.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од околу 8,5 километри.
Индонезиската агенција за геофизика на Југоисточна Азија земјотресот го измери со интензитетот од 6,5 степени.
Како што објави агенцијата, на земјотресот му претходел потрес во текот на денот со магнитуда од 6 степени.
Земјотресот бил регистриран на островот Јава на длабочина од 10 километри.
Епицентарот на земјотресот бил во морето на 132 километри североисточно од градот Тубан.
Нема јавувања за предизвикана штета.
Во земјата од рано утрово почувствувани се повеќе потреси.