Според чилеанските служби за итни случаи нема информации за жртви или структурни оштетувања / Photo: AA

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на централниот дел на Чиле. Земјотресот бил на мала длабочина од околу 10 километри.

Властите ја повлекоа наредбата за претпазливост за евакуација, а според чилеанските служби за итни случаи нема информации за жртви или структурни оштетувања. Чиле претрпе разорни земјотреси во минатото. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени и последователно цунами уби повеќе од 500 луѓе.

Популарни