Безбедносните сили лојални на новата сириска администрација изјавија дека ќе ја протераат СДФ, група предводена од терористите на ЈПГ/ПКК, од североисточна Сирија.
Ветувањето беше дадено од безбедносните сили за време на парадата со тешко оружје во центарот на градот Деир ез-Зор.
„Организиравме воена парада за да ја покажеме нашата сила во Деир ез-Зор и да обезбедиме ред и стабилност во градот“, изјави за АА Абу Валид ал-Дајри, еден од командантите на Единицата за воени операции.
Истакнувајќи дека сириските сили зазедоа мек пристап во регионот и сакаат да ја покажат својата сила, Ал-Дајри рече дека СДФ нема да може да остане во североисточна Сирија.
ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која е наведена како терористичка група во Туркије, Европската унија и САД.
За време на повеќедецениската терористичка кампања, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Сирискиот огранок на ПКК е ЈПГ и го предводи СДФ.
Терористичката организација ПКК/ЈПГ се обиде да ја искористи неизвесноста по падот на режимот на Башар Асад за да ги засили напорите за воспоставување „терористички коридор“ долж границата со Туркије.
Во последниве години, активностите на групите поддржани од Иран се интензивираа во регионот кој се протега од градот Деир Ез-Зор до ирачко-сириската граница, вклучувајќи го и Ал-Букамал.
Овие групи, со поддршка на Иранската револуционерна гарда, ги одржуваа патиштата за снабдување преку Ал-Букамал во внатрешноста на Сирија.
Поголемиот дел од територијата на Деир Ез-Зор источно од реката Еуфрат останува под контрола на СДФ, која ужива поддршка од САД, а областите во центарот на градот и некои од неговите предградија претходно беа доминирани од режимот на Асад и фракциите поддржани од Иран.
Силите на режимот на Асад се повлекоа од Деир ез-Зор на 6 декември минатата година, оставајќи го центарот на провинцијата под окупација на терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Антирежимските сили го освоија Дамаск на 8 декември и го соборија режимот на Асад, а потоа ги протераа терористите на ПКК-ЈПГ од центарот на Деир ез-Зор, Ал-Букмал и Мајадин.