Средба Ердоган - Ханије во Истанбул / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се состана со шефот на политичкото биро Хамас, Исмаил Ханије.

Состанокот во палатата Долмабахче во Истанбул беше затворен за новинарите.

Во средата, според дипломатски извори, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, исто така, се сретнал со шефот на Хамас во Доха на разговори за последниот конфликт во Газа.

Фидан и Ханије заедно со неговата делегација разговараа за прашања поврзани со хуманитарната помош за Појасот Газа, прекинот на огнот, како и за заложниците.

Игнорирајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, каде од 7 октомври досега се убиени најмалку 34.049 Палестинци, главно жени и деца, а 76.901 други се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре актите на геноцид и да преземе мерки за гарантирање на обезбедување хуманитарна помош за цивилите во Газа. Непријателствата продолжија со ненамалено темпо, но дури и пратките со помош остануваат страшно недоволни за да се реши хуманитарната катастрофа.

AA
Популарни