Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси во Ел Аламеин, Северен Египет.
Турското Министерство за надворешни работи ја потврди средбата на платформата на социјалната мрежа Х, но детали од разговорите не беа откриени од ниту една страна.
Состанокот се одржа во период кога двете земји се обидуваат да ги подобрат односите. Туркије работи на понатамошно консолидирање на односите со неколку земји во регионот, вклучително и Египет, како дел од пошироката дипломатска иницијатива.
Во посетата на Фидан на Египет, која започна вчера на покана на египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, е вклучена посета на египетското пристаниште Ал-Ариш, граничниот премин Рафа и египетскиот логистички центар на Црвената полумесечина.
Тој, исто така, се состана со гувернерот на Северен Синај - генерал-мајор Калед Мегавер и генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит.