Средбата меѓу претседателот на Азербејџан, премиерот на Ерменија и претседателот на Европскиот совет започна денеска во Брисел.
Лидерите треба да разговараат за најновите случувања во регионот Карабах, Јужен Кавказ во кој есента 2020 година имаше 44 дневна војна меѓу Азербејџан и Ерменија.
Средбата се случува еден ден откако претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел имаше телефонски разговор со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. Тие разговараа за процесот на нормализирање на односите меѓу Баку и Ереван, како и за други прашања од агендата на средбата со ерменскиот премиер Никол Пашијан.
Во Москва вчера се одржа состанок на комисијата формирана за утврдување на границата меѓу двете поранешни советски републики.
Во петокот Алиев објави дека Азербејџанската армија се префрлила во стратешкиот град Лачин во Карабах како и во селата Забух и Сус.
Откако договорот со посредство на Русија стави крај на војната меѓу Ерменија и Азербејџан во 2020 година, трите земји се согласија да развијат економски односи и инфраструктура во корист на целиот регион.
За време на војната во 2020 година Азербејџан ослободи неколку градови и речиси 300 населби и села во регионот на Карабах, кои беа окупирани од Ерменија речиси три децении.