Светски лидери: Да се почитува Повелбата на ОН во војната во Украина / Photo: AA

Светските лидери кои се собраа во Швајцарија за да разговараат за мирот во Украина, ја истакнаа важноста од почитување на Повелбата на Обединетите нации (ОН).

„Состанокот испрати силен сигнал до рускиот претседател Владимир Путин“, изјави холандскиот премиер Марк Руте на пленарната седница на дводневниот мировен самит во Бургенсток, Швајцарија.

„Многумина на оваа маса рекоа дека Русија требаше да биде тука денес. И јас во потполност се согласувам. Требаше да бидете тука“, рече Руте и додаде:

„Мирот е возможен само доколку Русија се придржува до основните правила и вредности кои важат за сите“.

„Да не заборавиме, затоа заедно ги основавме Обединетите нации во 1945 година“, порача премиерот на Холандија.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја истакна важноста од почитување на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права.

„Ова е апсолутен приоритет не само во Украина, туку и во Газа, во Судан. Најпрво мораме да му дадеме приоритет на заштитата на цивилното население“, рече Мицотакис.

Тој додаде дека заштитата на инфраструктурата на Украина е апсолутно клучна за одржување на нивото на украинскиот извоз, со цел да се одржат глобалните цени на храната.

„Средбата во Швајцарија е начин да се покаже посветеноста на меѓународниот поредок заснован врз правила, да се потврди приматот на Повелбата на ОН и да се испрати многу јасна порака дека суверенитетот мора да се почитува“, нагласи Мицотакис.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони истакна дека одбраната на Украина значи да се брани системот на правила што ја држи меѓународната заедница заедно и ја штити секоја нација“.

Премиерката Мелони, која неодамна беше домаќин на тридневниот самит на Г7 во Италија, го поздрави резултатот и договорот со кој се ставаат на располагање околу 50 милијарди долари дополнителна финансиска поддршка за Украина до крајот на годината“.

AA
Популарни