СЗО: Ограничете ги активностите на отворено / Photo: AA

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди да се ограничат активностите на отворено за време на високите температури што ја зафатија Европа и светот.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика луѓето да не излегуваат надвор на екстремна топлина, освен ако тоа е апсолутно неопходно.

Тој препорача носење лесна облека и внесување доволно вода.

„Ограничете ги активностите на отворено за време на врвните жештини, избегнувајте напорни активности и грижете се за ранливите категории, особено постарите лица и бебињата“, рече Гебрејесус.

Тој исто така предупреди дека децата и домашните миленици не треба да се оставаат во автомобили.

TRT Balkan / агенции
Популарни