СЗО: Повеќе од 170.000 луѓе починаа од Ковид-19 за два месеци / Photo: AA

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека повеќе од 170.000 луѓе починале како резултат на Ковид-19 во последните осум недели.

Тој го сврте вниманието на зголемувањето на неделните смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на декември минатата година.

„Повеќе од 170.000 луѓе починаа како резултат на Ковид-19 во последните осум недели. Ова се само пријавените смртни случаи, реалните бројки се повисоки од тоа“, рече Гебрејесус.

Тој потсети дека поминаа три години откако СЗО прогласи „Меѓународна здравствена вонредна состојба“, највисок степен на тревога.

Гебрејесус рече дека Комитетот за итни случаи ќе се состане оваа недела за да разговара дали ситуацијата со вирусот останува глобална вонредна состојба.

„Нема однапред да ги земам советите на Комитетот за итни случаи, но ситуацијата во многу земји и зголемениот број на смртни случаи поради Ковид-19 ме загрижува. Иако сме во многу подобра ситуација од пред три години, глобалниот колективен одговорот на епидемијата повторно е под притисок“, рече Гебрејесус.

Тој истакна дека многу малку луѓе, особено повозрасните, се соодветно вакцинирани.

Рече дека послабите здравствени системи имаат потешкотии да се носат со товарот на Ковид-19, како и со грип и други болести.

„Мојата порака е јасна, не го потценувајте овој вирус, не изненади и ќе продолжи да нѐ изненадува. Вирусот ќе продолжи да убива доколку не овозможиме здравствени алатки на оние на кои им се потребни и доколку не направиме повеќе во борбата против на сеопфатни дезинформации“, додаде Гебрејесус.

TRT Balkan / агенции
Популарни