СЗО потврдила три смртни случаи и 6.027 случаи на инфекција     Фото: Ројтерс

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во светот починале три лица поради последиците предизвикани од мајмунски сипаници.

Во соопштението на организацијата се наведува дека се ревидирани податоците за ширењето на мајмунските сипаници од 1 јануари до 4 јули во земјите каде што е прогласена епидемија и во оние каде што не била.

Наведено е дека СЗО потврдила три смртни случаи и 6.027 случаи на инфекција врз основа на примероци испратени до центарот од 59 земји во пет области.

СЗО, со оглед на паниката околу ширењето на инфекцијата во одредени земји, најави дека ќе ги ревидира податоците еднаш на секои две недели.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, на вчерашната прес-конференција рече дека се соочуваат со голем број потешкотии кога станува збор за тестирање на мајмунски сипаници, поради што значителен број случаи не се вклучени во извештаите.

Гебрејсус рече дека се откриени нови случаи во области каде што немало претходно.

AA
Популарни