Бројот на загинати од тајфунот Јаги во Виетнам се искачи на 350, a силната бура во оваа југоисточна азиска земја предизвика економски загуби од 1,6 милијарди долари, се вели во официјалното соопштение во понеделникот.
Овој тајфун е најсилниот што го погодил Виетнам во последните седум децении.
Уште 2.000 луѓе се повредени во одрони и други несреќи предизвикани од дождот во северниот дел на земјата.
Властите евакуираа околу 53.000 луѓе и упатија повеќе од 50.000 рибарски чамци да бараат засолниште на побезбедни места.
Министерот за планирање и инвестиции Нгуен Чи Дунг рече дека прелиминарната вкупна штета од тајфунот се проценува на околу 40 трилиони ВНД (1,6 милијарди долари).
БДП на земјата, додаде тој, може да се намали за 0,35 и 0,22 отсто во следните два квартали и 0,15 отсто оваа година.
Владата започна кампања за поддршка за собирање средства од најмалку еден трилион ВНД (40,7 милиони американски долари) од домашни и странски донатори за жителите погодени од невремето.
Австралија, САД, Јапонија, Швајцарија и Јужна Кореја, исто така, ветија дека ќе го поддржат Виетнам во надминување на последиците од тајфунот Јаги.
Индија, Јапонија и Нов Зеланд веќе испратија помош до Виетнам.
Јаги, со силни ветрови и обилни дождови, го зафати Виетнам откако ги погоди Мјанмар, Лаос и Тајланд пред повеќе од една недела, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа повеќе од 400 луѓе.
Тајланд претрпе штета од 15 милиони долари, најмногу во северните области, поради тајфунот.
Најмногу штети од поплавите претрпе северната провинција Чианг Раи, а голем дел од инфраструктурата се уште е под вода.
Тајфунот, кој најтешко го погоди северниот дел на земјата, погоди повеќе од 133.000 семејства во 28 тајландски провинции.