Американската сојузна држава Тексас синоќа издаде предупредување за катастрофа, бидејќи првата бура од сезоната на урагани во Атлантикот во 2024 година, „Алберто“, го погоди Мексиканскиот Залив.
Тропската бура „Алберто“ се формира во близина на северниот брег на Мексиканскиот Залив, југоисточно од Браунсвил, Тексас, и се очекува да предизвика сериозна штета со ветрови од 64 до 80 километри на час што ќе го погодат брегот.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, издаде декларација за катастрофа за 51 округ во југоисточниот дел на државата, од Браунсвил до Хјустон, оддалечен повеќе од 500 километри. „
Тропската бура „Алберто“ претставува закана од непосредна катастрофа, и широко распространета и тешка материјална штета, повреди и загуба на животи од широко распространети поплави, бури опасни по живот, штетни ветрови и обилни врнежи“, рече Абот.
Додека се очекува „Алберто“ да стигне на копното во Мексико во близина на Рио Гранде в четврток наутро, ефектите од надворешните појаси на бурата веќе го зедоа својот данок во Тексас во средата навечер, при што бурата веќе предизвика поплави на крајбрежјето и затворање на патиштата.
„Овие врнежи веројатно ќе доведат до значителни поројни и урбани поплави, заедно со нови поплавувања на реките“, се наведува во соопштението на Националната метеоролошка служба, која предупреди дека лошите временски услови може да потраат неколку дена и да предизвикаат „голема веројатност“ за поројни поплави.
Поплави на брегот се очекуваат и покрај брегот на Луизијана, вклучувајќи го и Њу Орлеанс, а формирањето торнада и понатаму претставува закана за заедниците покрај брегот на Заливот.