Телефонски разговор Ердоган - Путин / Photo: AA

Една постара Израелка ослободена во понеделникот од заробеништво на Хамас изјави дека била добро третирана во текот на двете недели со палестинската група.

Говорејќи пред новинарите, 85-годишната Јочевед Лифшиц истакна дека Хамас ѝ дале лекар за да го следи нејзиното здравје и дека работеле на обезбедување на нејзините лекови.

Таа додаде дека нејзините киднапери од Хамас се грижеле за нејзините потреби.

„Јадевме леб, сирење и краставици, исто како нив. Ни кажаа дека веруваат во Куранот и дека нема да ни наштетат“, рече таа.

На прашањето зошто се ракуваше со еден од членовите на Хамас за време на нејзиното ослободување, Лифшиц нагласи: „Затоа што добро се однесуваа со нас и се грижеа за сите наши потреби.“

Доцна во понеделникот, военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, соопшти дека ослободило двајца израелски заробеници - Јочевед Чифшиц и 79-годишната Нурит Купер, од хуманитарни причини.

Портпаролот на Ал Касам рече дека ослободувањето дошло со посредство на Катар и Египет.

Израелската Влада не го коментираше развојот на настаните, второто ослободување на заробеници од почетокот на конфликтот на 7 октомври. Првото ослободување беше на Американци.

Бригадите во претходна изјава соопштија дека држат околу 200-250 луѓе во заробеништво, вклучувајќи и израелски војници и цивили.

TRT Balkan / агенции
Популарни