Поранешниот републикански претседател во тужбата од 29 страници тврди дека Си-Ен-Ен долго време го критикувал

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи американската информативна мрежа Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари.

Адвокатите на Трамп ја поднесоа тужбата во понеделникот пред Окружниот суд на САД во Форт Лодердејл, Флорида, обвинувајќи ја телевизијата за, како што ја нарекоа „кампањата на оцрнување на Си-Ен-Ен“.

Трамп го обвини радиодифузерот дека сака „политички да го порази“, велејќи дека кампањата кулминирала со тоа што „Си-Ен-Ен ја зел заслугата за отстранувањето на Трамп“, мислејќи на неговиот претседателски пораз во 2020 година.

Во документот се наведуваат примери на Си-Ен-Ен кој го споредува Трамп со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер и дека мрежата користела клеветнички етикети против него како „расист“, „руски лакеј“ и „бунтовник“.

Поранешниот републикански претседател во тужбата од 29 страници тврди дека Си-Ен-Ен долго време го критикувал, но дека тоа се засилило во последните месеци бидејќи се „плаши“ дека повторно ќе се кандидира на изборите во 2024 година.

AA
Популарни