Израел не ги коментираше воздушните напади / Photo: AA

Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени рано наутро во вторник во израелски воздушни напади на неколку локации во главниот град на Сирија, Дамаск, јави сириската државна новинска агенција (САНА).

„Израелскиот непријател изврши воздушен напад користејќи воени авиони и беспилотни летала од правец на окупираната Голанска Висорамнина, гаѓајќи неколку точки во Дамаск“, цитира САНА неименуван воен извор.

Изворот додаде дека сириските системи за противвоздушна одбрана пресретнале поголем дел од израелските ракети и беспилотни летала.

Се наведува дека „во израелската агресија загинале тројца цивили, а девет се ранети, при што е направена значителна штета на приватен имот“.

Претходно, Генералната организација за радио и телевизија соопшти дека водителката Сафаа Ахмад била убиена во „израелската агресија против Дамаск“.

Сириската државна телевизија објави дека еден од воздушните напади бил насочен кон возило во областа Мезе Вестерн Вили, што резултирало со смрт на Ахмад, којa престојувалa во стан во областа.

САНА претходно објави дека сириската противвоздушна одбрана трипати таа ноќ пресретнала непријателски цели на небото над Дамаск.

Израел, кој изведува воздушни напади во Сирија од 2011 година против владините сили, иранските трупи и цели на Хезболах, не ги коментираше воздушните напади.


AA
Популарни