Чавушоглу на заедничката прес-конференција со либиската министерка за надворешни работи Најла Ел Мангуша во Триполи истакна дека Туркије секогаш била со Либија и нејзиниот народ кога тоа било потребно.     Фото: АА

Истакнувајќи ги силните пријателски односи на Туркије и Либија, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу објави потпишување на меморандум за разбирање за јаглеводороди и гас помеѓу двете земји.

Чавушоглу на заедничката прес-конференција со либиската министерка за надворешни работи Најла Ел Мангуша во Триполи истакна дека Туркије секогаш била со Либија и нејзиниот народ кога тоа било потребно.

Тој додаде дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува Либија и во иднина.

Чавушоглу претстојува во посета на Либија со бројна делегација, вклучувајќи го министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерот за трговија Мехмет Муса, директорот за комуникации Фахретин Алтун и гласноговорникот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

На прашањето за можна реакција на Грција и Франција по договорот со Либија, Чавушоглу рече дека трети земји немаат право да се мешаат во договори потпишани помеѓу две суверени држави.

„Договорите кои се потпишани денес и претходно се договори помеѓу две суверени држави, Туркије и Либија, од што корист имаат двете држави. Трети држави немаат право да се мешаат во договорите потпишани од две суверени земји, без оглед каков став имаат за тоа“, рече Чавушоглу.

Осврнувајќи се на прашањата за изборите во Либија, шефот на турската дипломатија рече дека за тоа треба да одлучуваат граѓаните на Либија, повикувајќи ги во таа смисла изработка на мапа на патот.

„Изборите мора да бидат транспарентни, чесни и демократски. Изборните резултати мораат да ги прифатат сите партии во земјата, тоа е многу важно не само за национално единство туку и за политичката стабилност, а Туркије на тоа му придава голема важност“, рече Чавушоглу.

AA
Популарни