Бомбардирани биле бегалски шатори / Photo: AA

Според информациите што ги објави палестинската новинска агенција ВАФА, во израелскиот напад врз бегалскиот камп во Рафа, и покрај одлуката на МСП, убиени се најмалку 40 Палестинци, пренесува Анадолу.

Како што објави ВАФА, израелските сили бомбардирале подрачја во кои биле поставени шатори на палестинските бегалци, во западниот дел на Рафа, недалеку од магацинот на Агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА).

Во нападот се убиени најмалку 40 Палестинци.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека голем број тела на убиените, главно жени и деца, како и голем број ранети се пренесени во болница.

Очевидците наведоа дека поради нападите се запалиле голем број шатори, а нападнатото подрачје не било на листата на места што биле под наредба за евакуација.

Тие наведоа дека израелските воени авиони го гранатирале подрачјето со најмалку осум ракети.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП) на 24 мај му нареди на Израел веднаш да ги запре нападите врз Рафа.

AA
Популарни