Министерството додаде дека најмалку 88.241 Палестинец се повредени во нападите / Photo: AA

Израелските сили убија уште 52 Палестинци во нападите врз Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од 7 октомври минатата година достигна 38.295, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава.

Министерството додаде дека најмалку 88.241 Палестинец се повредени во нападите.

„Израелските сили убија 52 лица и повредија 208 во четири 'масакри' врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството, додавајќи дека 27 од жртвите биле убиени во воздушен напад врз училиштето Ал-Авда во градот Абасан, источно од Кан Јунис, во Јужна Газа.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Непочитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Девет месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои и блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

AA
Популарни