Украина: 21 лице загинаа во руските напади во Херсон / Photo: AA Archive

Најмалку 21 лице загинаа, а 48 се повредени во руските воздушни напади врз украинската област Херсон.

„Дваесет и едно лице загинаа, а 48 се ранети. Сите се цивили. Во еден ден. Во еден регион. Мое сочувство до семејствата и пријателите на жртвите“, рече украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Тој додаде дека цел на нападот биле железничка станица, куќа, супермаркет и бензинска пумпа.

„Никогаш нема да им простиме на виновниците. Ќе ја победиме злата држава и ќе ги повикаме на одговорност сите виновници“, рече Зеленски.

Во руско-украинската војна, која трае од февруари минатата година, според последните податоци на Обединетите нации, загинале 8.709 цивили, а 14.666 се ранети.

TRT Balkan / агенции
Популарни