FILE PHOTO: European Union flags fly outside the European Commission headquarters in Brussels / Photo: Reuters

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека Европската Унија (ЕУ) ѝ префрлила на Украина над 1,5 милијарди евра од замрзнатите средства на Русија, што претставува прва ваква употреба на имобилизираниот имот.

„ЕУ стои заедно со Украина“, порача Фон дер Лајен преку платформата Х, каде што ја најави одлуката.

„Нема подобар симбол или употреба на парите на Кремљ од тоа Украина и цела Европа да се направат побезбедно место за живеење“, рече таа.

Поради санкциите воведени на почетокот на 2022 година, по започнувањето на војната во Украина, Русија нема право да ги добива своите вонредни приходи, кои се проценуваат на околу 210 милијарди евра распоредени низ целата унија.

AA
Популарни