Меѓународната финансиска помош е значаен придонес за одржување на финансиската и економската стабилност на Украина / Photo: AA

Светската банка, Нрвешка, САД и Швајцарија обезбедиија заем од 1,34 милијарди долари за Украина.Најголем дел од износот е обезбеден од проект на Светската банка односно 1,086 милијарди долари.

“Финансирањето е обезбедено преку Фондот за унапредување на неопходните кредитни средства за Украина под гаранција на јапонската влада“, се вели во соопштението на украинското Министерство за финансии.

Во соопштението се наведува дека оваа сума исто така вклучува грант од 190 милиони долари од Норвешка, субвенции од 50 милиони долари од Соединетите Американски Држави и швајцарски грант од 20 милиони долари.

Украинското Министерство за финансии наведува дека овие средства ќе се користат за социјална заштита во старост или исплати на вработените во државните служби за вонредни ситуации, како и за други трошоци кои не се поврзани со војската.

Министерот за финансии на Украина Сергеј Марченко рече дека меѓународната финансиска помош е значаен придонес за одржување на финансиската и економската стабилност на Украина овозможува да се обезбедат приоритетни социјални трошоци за време на војната.

TRT Balkan / агенции
Популарни