Украинската противвоздушна одбрана соборила 60 од 93 дронови лансирани од Русија / Фото: Reuters

Украина во петокот соопшти дека најмалку едно лице загинало, а четворица се повредени во напад на руски беспилотни летала во текот на ноќта во регионот околу Киев главниот град на земјата.

Вршителот на должноста гувернер на Киев, Микола Калашник, на Телеграм изјави дека возач на камион починал од раните нанесени од фрагменти од соборениот руски дрон на неодредена локација.


Калашник понатаму рече дека уште четворица се повредени во други делови на регионот на Киев.

Воздухопловните сили на Украина на Телеграм објавија дека нивната противвоздушна одбрана соборила 60 од 93 дронови лансирани од Русија над главниот град, како и регионите Полтава, Суми, Харков, Чернихив, Черкаси, Житомир, Доњецк и Дњепропетровск.


Во соопштението се вели дека се забележани неколку напади во приватни претпријатија и станбени згради во регионите Доњецк и Черниговски.


Руските власти се уште не го коментирале нападот.

AA
Популарни