Украина ги прекина дипломатските односи со Северна Кореја     Фото: Ројтерс

Украина ги прекина дипломатските односи со Северна Кореја со образложение дека земјата ја „признала“ таканаречената независност на Доњецк и Луганск.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина се нагласува дека остро се осудува одлуката на Северна Кореја за признавање на таканаречената „независност“ на регионите Доњецк и Луганск, окупирани од Русија.

Се истакнува дека иницијативата на Пјонгјанг, која е против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, претставува сериозно кршење на Конвенцијата на Обединетите нации и основните норми и принципи на меѓународното право.

Се наведува дека дипломатските односи со Северна Кореја се прекинати како одговор на еден непријателски чин.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во изјава објавена на неговиот профил на Телеграм рече дека на одлуката на Северна Кореја „ќе реагираат многу силно на сите нивоа“.

AA
Популарни