Се тврди дека терминалот и служи на Москва за снабдување со ресурси на руската војска / Фото: Reuters

Украина соопшти дека цел на напад бил нафтениот терминал во Крим. Во соопштението, Генералштабот на Украина објави дека вооружените сили на земјата и другите одбранбени компоненти го погодиле морскиот нафтен терминал во Феодосија, пристанишен град кој се наоѓа на околу 150 километри североисточно од Севастопол, најголемиот град на полуостровот.

Во соопштението се наведува дека избил пожар во близина на терминалот, кој е опишан како најголем на Крим за претовар на нафтени деривати. Понатаму се тврди дека терминалот и служи на Москва за снабдување со ресурси на руската војска.

Игор Ткаченко, градоначалник на Феодосија, поддржан од Русија, потврди на Телеграм дека избувнал пожар на терминалот и рече дека во градот е прогласена вонредна состојба.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана тврди дека соборило 12 украински беспилотни летала над Крим во текот на ноќта, иако не се осврна на пријавениот напад на нафтениот терминал.

Регионот Крим е анектиран од Русија во 2014 година, потег што меѓународно е осуден како нелегален.

AA
Популарни