Порошенко, еден од најбогатите Украинци и лидер на најголемата опозициска партија, изјави дека санкциите се политички мотивирани и дека тоа е неуставна процедура / Photo: Reuters

Украина воведе санкции против поранешниот претседател и опозициски политичар Петро Порошенко, вклучително и замрзнување на имотот, се вели во претседателскиот декрет.

Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека санкциите против Порошенко се воведени врз основа на закана за националната безбедност, пренесе Ројтерс.

„Предлозите за воведување санкции беа поднесени во поглед на постојните закани за државната безбедност, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, се вели во соопштението на СБУ на Телеграм.

Порошенко, еден од најбогатите Украинци и лидер на најголемата опозициска партија во украинскиот парламент, беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година, кога на изборите беше поразен од актуелниот претседател Володимир Зеленски.

„Милијардите заработени од продажбата на Украина, украинските интереси и безбедност, мора да бидат блокирани и искористени за заштита на Украина и Украинците“, рече Зеленски.

Санкции беа најавени и против затворениот бизнисмен Ихор Коломојски, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, Виктор Медведчук, како и бизнисменот Костиантин Жевох.

Порошенко вчера изјави дека санкциите се политички мотивирани и дека тоа е неуставна процедура.

Поранешниот претседател, познат и како „Крал на чоколадото“ поради сопственоста на компанијата за производство на чоколади „Рошен“, често бил предмет на криминални истраги, но секогаш негирал каква било вмешаност.

TRT Balkan / агенции
Популарни