Украина и Полска заеднички ќе произведуваат тенковски гранати од 125 мм / Photo: AA

Киев и Варшава се договорија за заедничко производство на тенковски гранати со калибар од 125 милиметри, објави украинската државна компанија за производство на оружје „Укроборонпром“, еден ден по посетата на украинскиот претседател Владимир Зеленски на Полска.

Договорот предвидува нови производствени линии наменети за производство на „големо складиште на муниција“ во Полска, соопшти „Укроборонпром“ преку Телеграм.

„Ова е уште еден чекор кон понатамошно зајакнување на партнерството меѓу Украина и Полска во одбранбената сфера“, се додава во соопштението.

Вчера (среда), Зеленски престојуваше во посета на соседна Полска, каде што разговараше со својот полски колега Анджеј Дуда и други официјални претставници, како и со премиерот Матеуш Моравјецки, со кој потпиша писмо за намера за соработка во снабдување со одбранбена опрема.

TRT Balkan / агенции
Популарни