Градоначалникот на главниот украински град Киев, Виталиј Кличко, изјави дека во градот повторно имало експлозии.
„Има експлозии во населбата Холосиев во Киев. Повеќе детали подоцна“, напиша Кличко на Телеграм.
Гувернерот на Харков, Олег Синегубов, објави дека руските сили извршиле напади врз градот и регионот на Харков.
„Непријателот изврши околу 15 напади врз градот и регионот. Цели сè уште се критичните инфраструктурни објекти“, рече Синегубов.
Гувернерот на украинската област Одеса, Максим Марченко, изјави дека со проектилите биле погодени енергетската инфраструктура и станбените згради.
„За среќа, немаше жртви“, рече Марченко.
Сирените за воздушен напад продолжуваат да се огласуваат во многу украински градови.