Русија соопшти дека украинските сили во текот на ноќта нападнале рафинерија за нафта во Новошахтинск, во јужниот дел на Ростовската област на земјата, што резултирало со пожар.
Вршителот на должноста гувернер на Ростов, Јуриј Сљусар, на Телеграм изјави дека пожарот избувнал во нафтената рафинерија во рударскиот град Новошахтинск, на само 16 километри од руската граница со Украина, откако ја нападнале беспилотни летала и проектили.
Сљусар тврди дека во воздушниот напад биле користени над триесетина беспилотни летала и три проектили и дека противвоздушната одбрана била распоредена за заштита на регионалните градови како Ростов на Дон.
„За жал, едно лице е повредено во село во близина на Ростов на Дон поради пад на фрагменти од дрон“, рече тој, додавајќи дека на лицето му била укажана потребната медицинска помош.
Во посебно соопштение, руското Министерство за одбрана тврди дека во текот на ноќта во Ростовската област биле уништени 36 украински беспилотни летала.
Украинските власти допрва треба да го коментираат нападот врз нафтената рафинерија во Новошахтинск.