Украина: Ограничена потрошувачката на енергија во Киев и другите региони     Фото: АА

Украинската национална енергетска компанија „Укренерго“ ја ограничи потрошувачката на електричната енергија во неколку региони, меѓу кои и во главниот град Киев.

„За да ја задржи стабилната работа на електроенергетскиот систем, диспечерскиот центар „Укренерго“ е приморан да воведе контролирано ограничување на потрошувачката на електричната енергија во регионите Харков, Полтава и Сума“, објави компанијата на социјалната мрежа Телеграм.

Во соопштението се додава дека Киев ќе се соочи со најголеми ограничувања, како и Киевскиот округ во Харков и областа Чернихив, Черкаси и Житомир.

„Ова ќе помогне за намалување на оптеретувањето на електроенергетските мрежи и на енергетските компании ќе им даде време да ја поправат опремата оштетена од терористички напади“, се наведува во соопштението.

Компанијата апелираше на жителите да ги наполнат телефоните и да ги информираат оние кои не ги користат социјалните мрежи за мерките, за кои велат дека би можеле да помогнат да не дојде до недостаток на струја. Енергетската инфраструктура на Украина беше цел на руските воздушни напади од почетокот на војната во февруари.

Украинската влада во четвртокот соопшти дека ќе ја намали потрошувачката на енергија во целата земја за 20 отсто помалку производство во штетените енергетски објекти.

Министерот за енергетика Херман Халушченко рече дека енергетските објекти на Украина претрпеа штета поради руските воздушни напади на 10 октомври.

Претседателот на Украина Владимир Зеленски објави минатата недела дека 30 отсто од украинските електрани се уништени во нападите од 10 октомври.

AA
Популарни