Украина: Русија продолжува со обидите да го заземе Бахмут / Photo: AA Archive

Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската војска продолжува со обидите да го заземе градот Бахмут.

Во соопштението се наведува дека руската војска ги концентрирала своите главни цели на офанзивата во правец на Лиман, Бахмут, Авдијивка, Маринка и Шахтерск.

Руските сили во изминатите неколку дена извршија ракетни напади врз инфраструктурата на градот Славјанск во Доњецката Област.

„Непријателот изведе 6 воздушни напади и 20 напади со ракетни системи“, соопшти украинскиот Генералштаб.

Генералштабот информира дека руските војници продолжуваат со своите напори да го заземат градот Бахмут, нагласувајќи дека украинската војска ги одбила руските напади во местата Минкивка и Орихово-Василивка.

Напади се спроведуваат врз градовите Бохданивка, Бахмут, Часов Јар, Курдумовка, Дружба…

TRT Balkan / агенции
Популарни