Украина: Стапи во сила закон со кој се дозволува забрана на медиумите / Photo: AA

Во Украина стапи во сила контроверзниот закон со кој на Владата и се дава овластување да забранува медиуми без судска пресуда.

Со законот, кој го изработи владејачката партија Слуга на народот, се прошируваат надлежностите на Националниот совет за телевизија и радиодифузија, кој станува единствен регулатор на масовните медиуми.

Советот има право да им праќа задолжителни инструкции на редакциите на сите медиуми, парично да ги казнува сите видови медиуми, да забранува работа на онлајн медиумите во период од 14 дена без судска одлука и да поништува регистрација на печатени публикации.

Регулаторот доби право да бара од провајдерите да го блокираат пристапот до интернет публикации без судска одлука, како и да бара од Јутјуб и Фејсбук да избришат каков било материјал и од Гугл да бришат информации од резултатите од пребарувањето.

Власта може да ја регулира и работата на кабловските и онлајн ТВ-операторите.

Меѓународната федерација на новинари (IFJ) го повика Киев да го преиспита новиот закон и да започне широк дијалог со новинарските синдикати и медиумскиот сектор.

„Слободата и плурализмот на медиумите во Украина се во прашање според законот за медиумите“, се соопштува од ИФЈ.

TRT Balkan / агенции
Популарни