Украина го уништи рускиот воен брод „Цезар Куников“ во средата во Црното Море, изјави претставник на украинската одбрана за Си-Ен-Ен.
Официјалниот претставник рече дека нападот врз рускиот амфибиски јуришен брод „Цезар Куников“ ја извршила украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) како дел од заедничка операција.
Во нападот учествувале морски дронови „МАГУРА“, а бродот е оштетен и не може да се поправи, рекол официјалниот претставник, кој тврди дека „Куников“ потонал во Црното Море.
Си-Ен-Ен не можеше независно да ги потврди тврдењата.
Коментар нема ниту од Москва.
Украина изврши серија напади врз руски воени бродови во Црното Море, вклучително и потонувањето на ракетниот брод „Ивановец“ претходно овој месец и потонувањето на водечкиот брод на Црноморската флота, „Москва“, во април 2022 година.
На социјалните мрежи се појавија снимки од уништувањето на рускиот брод.
Дроновите „МАГУРА“ се долги само неколку метри и се напојуваат со џет скии, изјави за Си-Ен-Ен претходно оваа година пилот од специјалната единица на Украинската одбранбена разузнавачка агенција.
Дроновите имаат долг домет од околу 800 километри, така што можат да се лансираат од големи делови на украинскиот брег за мисии против цели на Крим.