Украинскиот претседател ја обвини Русија за „тероризам“     Фото: АА

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја осуди Русија за нејзините „пресметани“ воздушни напади врз трговски центар во градот Кременчук, велејќи дека тоа е „терористички чин“.

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени откако Русија во понеделникот изврши напад врз трговски центар во Кременчук додека во центарот имало голем број посетители

„Руската држава стана најголемата терористичка организација во светот. И ова е факт. И тоа мора да биде правен факт“, рече Зеленски и додаде:

„Секој во светот мора да знае дека купувањето или транспортот на руска нафта, одржувањето контакти со руските банки, плаќањето даноци и царини на руската држава значи давање пари на терористите.

Повеќе од 4.634 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, според Обединетите нации. Според податоците на ОН, повеќе од 14 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од осум милиони кои побегнале во други држави.

AA
Популарни